Фудбал

Лучијано Спалети има проблеми со одбраната пред осминафиналето

Лучијано Спалети има проблеми со одбраната пред осминафиналето

Лучијано Спалети потврди дека „Аѕурите“ се соочуваат со проблеми во составувањето на одбраната.

Фудбалерот на Болоња, Калифиори кој најмногу покажа од италијанските фудбалери во одбраната е суспендиран, Димарко сигурно нема да може да помогне, а и Бастони е неизвесен.

„Тоа е она што го имаме на располагање. Калифиори нема да може да ни помогне, за Бастони се надевам дека ќе го имаме на располагање, чекаме да видиме што ќе кажат докторите. Димарко има проблем и дефинитивно е аут“, изјави Спалети.

To top