Фудбал

Лучијано Спалети го објави списокот за дуелот со Македонија

Лучијано Спалети го објави списокот за дуелот со Македонија

На една недела пред натпреварот со Македонија, селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Лучано Спалети, го објави списокот на кандидати за настап.

За првпат повик во националниот тим добија левиот бек на Јувентус Андреа Камбијасо и играчот од средниот ред на Монца, Андера Колпани.

Во репрезентацијата се враќа Давиде Калабрија, а Сандро Тонали поради суспензијата нема право  на настап. Повик не доби искусниот Имобиле, кој нема голема минутажа оваа сезона.

Дуелот со Македонија на „Олимпико“ е закажан за 17 ноември, додека на 20 ноември ќе и гостуваат на Украина во Леверкузен.

To top