Екипата на Тотенхем има маестрален почеток на сезоната во Премиер лигата и тимот досега успеа да собере вкупно 26 бода, но навивачите добија една лоша вест која сигурно ќе создаде проблеми за тренерот Анте Постекоглу.
Се работи за Бразилецот Ричарлисон, кој заработи повреда на препоните и ќе мора веднаш да замине на операционен зафат, кој ќе го оддалечи од терените неколку недели.
Сѐуште не е познато колку точно ќе отсуствува, но докторскиот тим вели дека би бил среќен ако офанзивниот играч се врати на терените за еден месец.