Голманот на хрватската репрезентација и на турскиот гигант Фенербахче, Доминик Ливаковиќ, би можел да биде едно од главните имиња во зимскиот преоден рок, јавија синоќа турските медиуми.
Според истите извори, за услугите на Ливаковиќ до Фенербахче пристигнале дури три официјални понуди – од Шпанија, Германија и Саудиска Арабија.
Иако не се познати деталите за заинтересираните клубови, упатените наведуваат дека управата на Фенербахче веќе почнала да бара потенцијална замена.
Фотоспор претходно објави дека за хрватскиот голман е заинтересиран германски Баерн, кој е во потрага по наследник на 38-годишниот Мануел Нојер.
Ливаковиќ оваа сезона собра 25 настапи за Фенербахче, од кои осум натпревари без примен гол. Во турскиот клуб се пресели од загрепски Динамо за 6,65 милиони евра.