На една недела пред крајот на летниот преоден рок, речиси сите играчи на Лион се ставени на трансфер листата.
Клубот за да го испочитува финансискиот фер-плеј има рок уште една едела да собере 100 милиони евра.
„Л’Екип“, објави дека клубот на сите фудбалери им испратил порака дека сите се на продажба и дека ќе бидат продадени доколку некој им понуди сумата која ги задоволува нивните апетити.
Намерата на раководството на Лион е да инкасира 100 милиони евра крајот на летото, односно потребни им се уште 75 милиони евра за да биде се во ред со нивните книги.