Актуелниот европски првак ПСЖ официјално објави денеска дека францускиот фудбалер Усман Дембеле нема да биде во составот на клубот од Париз за дуелот на гостински терен против Атлетик Билбао во рамки на шестото коло во Лигата на шампиони.
Актуелниот освојувач на Златната топка остана во Париз, а причината е болест.
Дуелот помеѓу Атлетик и ПСЖ на стадионот Сан Мамеш е закажан за в среда, со почеток во 21 часот.
Голманот на ПСЖ, Лукас Шевалие, исто така, не отпатува за Билбао, а на списокот повредени фудбалери се и. Ашраф Хакими и Лукас Бералдо.
Добрата вест за тренерот Луис Енрике е враќањето на Дезире Дуе во тимот.
Пред шестото коло, ПСЖ е на второто место на табелата во Лигата на шампиони со 12 бодови.е