Македонската репрезентација одигра одличен меч на отворањето на СП 2025, по голема борба ремизирајќи со Унгарија со 27-27. Фаворитот во групата беше на колена, во долги периоди нашата репрезентација доминираше на теренот, па иако овој бод е огромен, останува тагата што оваа беспрекорна партија, со извонредните навивачи на трибините, не беше крунисана и со триумф.
Еден од најборбените во репрезентацијата Милан Лазаревски мечот му го посвети на прерано почитаниот Александар Јовиќ…
„Не е спорно дека можевме да победиме, но овој резултат е релаен бидејќи Унгарија е многу силен противник. Играат во најсилните клубови во Европа, но ние успеавме со нив да искочиме на крајот. Овој меч го посветувам на нашиот Александар Јовиќ со кого соработуваа голем дел од овие ракометари тука. Не погоди таа вест утрово и навистина сакавме да дадеме максимум и за него“, изјави Лазаревски.