Фудбал интер

Лаутаро под негови услови сака нов договор со Интер

Евентуалното заминување на Килјан Мбапе од ПСЖ ќе предизвика уште неколку други трансфер кога се во прашање напаѓачите. Поради тоа челниците на Интер му понудиле на Лаутаро Мартинес продолжување на договорот до 2028 година, пренесува La Gazzetta dello Sport.

Според новиот договор аргентинскиот фудбалски репрезентативец би заработувал 8 милиони евра по сезона. Проблем е што Лаутаро сака повеќе пари.

Италијанските медиуми потсетуваат дека Лаутаро со недели преговара со раководството на Интер. Сепак, договор сѐ уште не е постигнат, бидејќи капитенот на Интер бара плата од 10 милиони евра по сезона.

Аргентинскиот фудбалер во клубот од Милано заработува 6,5 милиони евра годишно.

La Gazzetta dello Sport наведува дека следната средба меѓу челниците на Интер и менаџерот на аргентинскиот фудбалер би можела да се одржи во март во Мадрид.

На 13 март Интер ќе му гостува на Атлетико во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите, а седиштето на управната агенција што го претставува Лаутаро се наоѓа во Мадрид.

Аргентинецот пристигна во Интер во 2018 година од Расинг. За „Нераѕурите“ одигра 267 натпревари и постигна 124 гола. Сезонава Лаутаро игра во одлична форма и е убедливо најдобар стрелец во Серија А со 19 голови по 23 кола (тој одигра 20).

26-годишниот Мартинес (26) има договор со Интер до 30 јуни 2026 година.

To top