Медиумите во Шпанија пишуваат дека претседателот на Барса и останатите во раководството биле лути на излагањето на Чави на прес-конференцијата пред натпреварот со Алмерија.
Чави зборуваше дека Барса нема пари за да се носи со Реал Мадрид и дека за да се стигне кралскиот клуб се потребни засилувања, а финансиската состојба во клубот не е добра.
„Навивачите мора да разберат дека оваа Барселона не е таа од пред 25 години. Претходно тренерот на Барса ќе отидеше ќе претседателот и ќе му речеше: „Го сакам тој играч и тој и уште оној“ Сега тоа веќе го нема. Но ние мора некако да го засилиме тимот за да се подобриме“, рече Чави.
„Во спротивно ќе биде тешко да се бориме со Реал и во Европа. Не може да напредуваме ако нема одредени промени во составот. Ќе се обидеме да се носиме со Реал, сепак мислам дека навивачите на Барселона мора да разберат дека ситуацијата е многу тешка, посебно во економска смисла. Не сме на нивото на останатите врвни клубови. Навивачите тоа мора да го разберат. Тоа не значи дека нема да се бориме, но ситуацијата е таква што ни е потребна стабилност и време“.
На ваквото излагање на Чави, Лапорта потполно полудел бидејќи разговорите со него кога ја продолжуваа соработката биле сосема поинакви. Тогаш Чави бил полн со оптимизам и имал верба во составот.
Наводно поради изјавата на Чави, Лапорта и Деко не патувале со тимот во Алмерија. Размислувале за негов отказ доколку не победеле.
На прес-конференцијата по мечот, Чави негираше дека има проблем со Лапорта и Деко.
„Се што кажав на таа прес-конференција беше дека економската ситуација не е најдобра. Работиме заедно со клубот да донесеме засилување. Клубот не ми кажа ништо по моите зборови тој ден. Односот не е променет. Само кажав тоа што го мислам“, рече Чави по победата над Алмерија.
„Со возбуда чекам да почнат подготовките за новата сезона. Работиме според планот. Сите во стручниот штаб се возбудени за следната сезона. Сакаме да играме во Суперкупот, сакаме да се натпреваруваме за титули следната сезона и сакаме да освојуваме титули повторно“.
„Ја разбирам вревата која се крева, во ваков клуб секогаш е така. Но смирен сум и подготвен за старт на новата сезона“.