Младата шпанска ѕвезда Ламин Јамал беше еден од хероите на Шпанија во освојувањето на трофејот на Европското првенство. 17-годишното момче беше асистент и во финалето.
Поради четирите асистенции и постигнатиот погодок во полуфиналниот натпревар против Французите, Јамал беше одбран за најдобар млад фудбалер на првенството.