Фудбал

Лацио се договори со Булаје Дија

Лацио се договори со Булаје Дија

Италијанскиот фудбалски клуб Лацио ја доведе замената за Чиро Имобиле кој се пресели во екипата на Бешикташ. Тоа е Булаје Дија кој пристигна од екипата на Салернитана.

Сенегалскиот фудбалер во Лацио пристигнува на позајмица, но небесносините ќе имаат обврска да го откупат неговиот договор за 11 милиони евра.

Своето деби во дресот на Лацио би можел да го има веќе во мечот со Венеција.

To top