Марко Ројс е на добар пат да се пресели во ЛА Галакси во МЛС. После напуштањето на Борусија Дортмунд, некогашниот капитен на „милионерите“ ќе се пресели „преку барата“ и најверојатно ќе биде нов член на Галакси.
Меѓутоа на него, може да му се приклучи добро познато име. Неговиот поранешен соиграч од Борусија, Роберт Левандовски, исто така е „мета“ на ЛА Галакси.
Левандовски има договор со Барселона уште две години, но ако добие добра понуда, „Каталонците“ би можеле да се откажат од него, со оглед дека имаат финансиски проблеми.