Французинот повторно е во центарот на вниманието, особено за време на оваа репрезентативна пауза, бидејќи беше изоставен од списокот на селекторот Дидие Дешан. Точните причини за раздорот меѓу Мбапе и националниот тим остануваат непознати, но извор близок до напаѓачот на Реал открива некои интересни детали.
„Наречете го како сакате, но Килијан има психолошки проблеми веќе неколку месеци. Ова не се проблеми што се решаваат веднаш. Потребни се време и напорна работа со луѓе кои се специјализирани за тоа“, изјави извор близок до семејството на Мбапе.
Изворот се осврнува и на неговото повторно изоставување од репрезентацијата, третпат оваа есен.
„Се шират неточни информации и погрешни верзии на приказната. Ситуацијата е многу посложена од тоа што се зборува и пишува во медиумите. Лага е да се уверува јавноста дека ова е одлука на селекторот. Најважно е Килијан повторно да ја пронајде својата среќа додека игра фудбал, останатото ќе дојде“, изјавил неименуваниот извор за „Л’Екип“