Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година оствари победа со 2:1 против своите врсници од Молдавија во рамките на претпоследниот натпревар од квалификацискиот циклус за пласман на ЕП кое ќе се одржи во Словачка 2025 година.
Ова беше четвртата победа во овие квалификации за нашите момци.
Избраниците на селекторот Драги Канатларовски денеска ја оправдаа фаворитската улога и сосема заслужено славеа триумф над Молдавија.
Бехар Фета отвори во 11. минута, додека Беким Камбери во 90. минута ја зголеми предноста на Македонија.
Противникот во следниот напад успеа само да постигне почесен погодок за намалување на нашата предност.
Во последното коло од квалификациите, нашата млада репрезентација на 15. октомври ќе игра против Грузија на гостински терен.