Фудбал

Куман: Треба да освоиме нешто за да зборуваат за нас

Куман: Треба да освоиме нешто за да зборуваат за нас

Селекторото на Холандија Роналд Куман изрази задоволство од конечниот резултат, но исто така напомена дека почетокот на натпреварот бил тежок и дека премногу време им било потребно за да го постигнат вториот гол.

„Понекогаш е тешко да се објасни зошто играш лошо или зошто играш добро. Денес почетокот беше тежок, но на крајот ја пронајдовме нашата игра. Можеби една критична точка беше тоа што ни требаше предолго време да го постигнеме вториот гол. На Романија ѝ направивме големи проблеми со постојани напади.

Имаме големи таленти во тимот. Секако дека треба да освоиме нешто – тогаш луѓето ќе го споредуваат тоа со 1988 година. Фудбалот многу се промени. Видовте во последните неколку натпревари дека многу фаворити имаа проблеми. Конечниот резултат секогаш е најважен. Но, ние сме Холанѓани и мораме да играме добро. Целиот денешен настап беше извонреден. Тоа е она што ни треба за да имаме шанса да постигнеме нешто на овој турнир. Ако не го одржиме ова ниво, нема да влеземе во финалето“, изјави Куман.

To top