Фудбал

Куман: Чувствувам разочараност од конечниот резултат

Куман: Чувствувам разочараност од конечниот резултат

Предводникот на Холандија Роналд Куман видно разочаран по мечот со Англија во полуфиналето на ЕП.

„Чувстувам разочараност од конечниот резултат. Започнавме одлично, но потоа имавме проблеми со Фоден и Белингем меѓу линии и морав да менувам. Имав претчуство дека играме подобро во последните дваесет минути, но потоа се случи тој за нас кобен момент. Воткинс даде прекрасен гол, но со тој гол ги уништи нашите сништа.

Мислам дека ситуацијата за пеналот е спорна. Нашиот фудбалер отиде во блок и контактот беше неминовен и се случи по упатениот удар на Кејн. Не се согласувам дека Англија игра лошо. Денес во првиот дел, откако прими гол, Англија покажа квалитет. Секако дека Шпанија има многу ресурси, игра полетно, но ниту ангиската репрезентација не е без шанси“, рече Куман.

 

To top