Фудбал удар за тотенхем

Кулушевски тешко повреден, сезоната за него заврши?

Кулушевски тешко повреден, сезоната за него заврши?

Дејан Кулушевски заработи повреда на натпреварот против Кристал Палас и беше изваден од игра после само 19 минути, но за жал проблемот испадна многу поголем од првично предвиденото.

Тотенхем има ужасна сезона и ќе се обиде да ја спаси истата со добар настап во финалето во Лигата на Европа, но „петлите“ ќе мора да бркаат трофеј без тројца клучни играчи во првиот тим.

Покрај Џејмс Мадисон и Лукас Бергвал, по се изгледа за финалето кое се игра на 21-ви мај отпадна и фудбалерот со македонско потекло, кој денеска направи операција на пателата.

Кулушевски решил да го санира проблемот на коленото со оперативен зафат, па иако Тотенхем не го исклучува целосно од финалето, навистина малку веројатно е да настапи наредната среда во Билбао.

To top