Фудбал

Кукуреља :Ги разбирам сите сомнежи и ние можевме да зборуваме за Крос

Кукуреља :Ги разбирам сите сомнежи и ние можевме да зборуваме за Крос

Шпанскиот фудбалскиот интернационалец Марк Кукуреља зборуваше на прес-конференција пред полуфиналниот дуел со Франција на ЕП 2024.

Дефанзивецот повторно беше прашан за спорната ситуација од натпреварот со Германија, на кој играше со рака во својот шеснаесетник, но не беше досуден пенал.

„Топката ме удри во раката, но судијата веднаш рече „не, не, не“ и тоа ме натера да се чувствувам подобро. Ако судиите велат дека немало игра со рака, значи немало.Јас не се мешам, го почитувам тоа што го кажуваат судиите. Ги разбирам сомнежите затоа што гледаме дека некои од нив прават, а некои не. Можеме да се жалиме дека Крос можеше да биде исклучен“.

За полуфиналето со Франција, Кукуреља рече:

„Ако ја имаме топката, одлично ќе им се спротивставиме. Тоа веќе се случи со Германија. За да го запреме Мбапе, ќе треба да вложиме колективни напори. Мораме да им се спротивставиме на нивните контранапади. 

 

To top