Фудбал реал мадрид

Крос официјално потврди кој ќе ја носи неговата „8-ка“ наредната сезона (Видео)

Тони Крос се најде во прв план на шампионската прослава во Мадрид поради тоа што ги доживеа последните моменти како играч на Реал, но за време на фештата која беше актуелна на Сибелес, германскиот фудбалер направи и потег кој привлече големо внимание.

Од моментот кога објави дека се повлекува на крајот од сезоната, Крос се обидува да го пронајде својот наследник во актуелниот тим на Реал, а според многумина, тоа е Феде Валверде.

Тивкиот Уругваец ги придоби симпатиите со своите изданија во изминатите неколку сезони и во саботата ја освои својта втора титула во Лигата на шампиони, а од наредната сезона ќе има многу позначајна улога.

Од една страна поради тоа што ќе треба да го замени Крос во новиот систем кој ќе го подготви Карло Анчелоти, но од друга и поради тоа што ќе го носи неговиот број.

За време на обраќањето од Сибелес, Крос потврди дека Валверде наредната сезона ќе ја носи „8-та“ на својот грб.

Поврзани теми

To top