Македонскиот фудбалер Кристијан Трапановски уште во првото коло од шкотската лига се најде во тимот на колото.
Македонецот дебитираше со гол за Данди Јунајтед во мечот против ФК Данди и заврши 2-2.
Покрај голот Трапановски беше еден од најзабележителните и најактивните на теренот, имаше уште неколку шанси да донесе победа, сепак и вака направи доволно за да се најде во тимот на колото. Трапановски беше прогласен и за играч на натпреварот.