По поразот својот став го изнесе играчот за врска Тихомир Костадинов кој беше стартер на овој натпревар.
„Знаевме дека ќе биде физички тежок натпревар. На тоа бевме подготвени, дека Чесите ќе играат на центаршутеви бидејќи физички се доста моќни. Мислам дека многу добро одговоривме на тоа. Штета за тие две ситуации, според мене првиот пенал беше доста дискутабилен, но тоа е дел од фудбалот. Исто така направивме наивен пенал во последните секунди, меѓутоа одиме понатаму. Игравме против многу силен ривал кој ќе игра на ЕП. Тоа треба да ни даде мотив и самодоверба бидејќи мислам тоа ни недостига. Почнувам од себе индивидуално, јас и колегите мора да работиме на тоа да се подобриме во тој аспект. Во тактичкиот аспект и борбеноста нема замерки. Треба да извлечеме поуки од овој натпревар, да работиме на себе и во септември да си ја оствариме целта“, изјави Костадинов.
На Македонија во септември ѝ следува стартот на новото издание на Лигата на нациите.