По само 12 месеци како предводник на фудбалската репрезентација на Јужна Кореја, германската фудбалска легенда Јирген Клинсман доби отказ од раководството на Фудбалската федерација на Ј. Кореја.
Клинсман е разрешен од селекторската функција по незадоволителниот настап на репрезентацијата на неодамна завршениот Азиски куп.
„Нашата одлука е да го смениме селекторот. По деталната и внимателна анализа која ја направивме заклучокот е дека Клинсман не ги исполни нашите очекувања. Поради тоа разделбата е неминовна“ – информираа официјално од Фудбалската федерација на Јужна Кореја.