Италијанскиот тренер Антонио Конте в среда ќе пристигне во Неапол за да потпише договор со фудбалскиот клуб Наполи.
Конте и неговите претставници веќе ја добиле првата верзија на договорот, а 54-годишниот тренер утре ќе стави потпис на тригодишен договор, објави денеска Скај Италија.
Поранешниот тренер на Јувентус, Челзи, Интер и тренер на Италија наводно во Наполи ќе прима плата од седум милиони евра, со бонуси до еден милион евра за три години, а во договорот нема откупна клаузула.
Според информациите, Конте веќе размислува за неколку трансфери, меѓу кои е и доаѓањето на Ромелу Лукаку во случај Виктор Осимен да го напушти клубот.