Тренерот на Наполи, Антонио Конте, е задоволен од изданието на неговиот тим на синоќеѓното дерби со Рома.
Наполи победи со 1:0 во 13. коло од Италијанското фудбалско првенство.
– Задоволен сум бидејќи ги видов момците како покажуваат карактер од самиот почеток. Во исто време, во моментов поминуваме низ многу тежок период – многу играчи се отсутни поради повреда, а тоа ќе продолжи уште некое време. Тоа ме загрижува. Но, се надевам дека преостанатите играчи ќе останат здрави, во спротивно ќе имаме уште повеќе проблеми, изјави Конте за италијанските медиуми.
Наполи е втор на табелата во Серија А со 28 бода, исто колку што има и лидерот Милан.
Рома е на четвртото место со 27 бода, колку што собра и третопласираниот Интер.