Aнтонио Конте, тренерот на Наполи, потврди дека најдобриот играч на тимот Квича Кварацкелија од клубот побарал трансфер во јануарскиот преоден рок.
„Ова е големо разочарување за мене. Квича побара да биде продаден. Ништо друго не ми кажаа, играчот потоа ми потврди.Лично, јас сум многу разочаран, бидејќи поминав шест месеци убедувајќи го дека е во центарот на нашиот проект“, изјави Конте на прес-конференцијата пред натпреварот со Верона.