Фудбалскиот клуб Комо веќе успеа да ги доведе во своите редови Рафаел Варан и Пепе Реина, а сега се насочија да го доведат во своите редови Мемфис Депај.
Холанѓанецот е слободен агент, бидејќи неговиот договор со Атлетико Мадрид истекува на крајот од сезоната.
30-годишниот напаѓач веројатно ќе биде подготвен да ја разгледа понудата од Комо, ако во следните денови не добие некоја многу посериозна или поповолна финансиска понуда.