Претставници на навивачката група „Комити“ присуствуваа на тренингот на фудбалскиот клуб Вардар каде се имаше разговори со раководството на клубот, стручниот штаб и играчите за периодот кој следи.
Од „Комити“ веалт дека на сите кои во овој момент раководат со клубот, на стручниот штаб, како и на фудбалерите, јасно им се дало до знаење кои се целите и црвените линии кои не смеат да бидат поминати.
Воедно, групата упати целосна поддршка до новиот шеф на стручниот штаб, Срѓан Захариевски и до целиот негов тим и од сите побара борба до самиот крај.
Вардар се наоѓа во лоша позиција поради лошиот старт на првенството, а има три порази и една победа над Пелистер.