Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, лично му го додели големиот пехар на Палмер, кој го круниса за МВП на едномесечниот турнир. Челзи извојува шест победи на седум натпревари и загуби само во групната фаза..
Најдобар стрелец на шампионатот е Гонзало Гарсија од Реал Мадрид со четири гола и две асистенции. Ист број на голови постигнаа и Ди Марија, Гираси и Маркос Леонардо.
Роберт Санчез од Челзи е најдобар голман, а Дезире Дуе најдобар млад фудбалер.