Добивме уште неколку патници на Мундијалот кој ќе се одигра идната година во САД, Мексико и Канада.
Едни од оние кои синоќа испишаа историја беа Парагвај, кои се пласираа на Светско првенство после 15 години пауза. Покрај нив, синоќа билет обезбедија и Уругвај и Колумбија.
Емотивно беше и на натпреварот кој го играше Аргентина против Венецуела, на кој Лео Меси најверојатно го одигра последниот меч пред домашната публика.
Неочекуван пораз доживеа четирикратниот шампион Германија, која синоќа изгуби од Словачка, па сега за сега ќе продолжат да го бараат билетот до Мундијалот во наредните натпревари.
Инаку, како домаќини директно квалификувани се Канада, Мексико и САД. Јапонците веќе по пат на квалификации го обезбедија своето место, иако имаат уште три натпревари за играње во третата рунда.
По трет пат по ред и Нов Зеланд ќе играат на најголемата фудбалска светска сцена, а тие го обезбедија настапот со победата над Нова Каледонија од 3:0.
И Иранците веќе го обезбедија своето место, а по четврти последователен пат ќе играат на Мундијалите. Тие местото го обезбедија по драматичен пат во директно ривалство со Узбекистан. Сепак и Узбекистан после тоа успеа да дојде до историско прво учество на Светските првенства, а за прв пат и Јордан обезбедија учество.
Моменталните светски шампиони, Аргентина беа првите кои се квалификуваа од Јужна Америка.
Тие своето место го обезбедија уште во март, кога Боливија и Уругвај одиграа со нерешен резултат од 0:0.
Кореја дури 11 пат по ред ќе играат на Светските првенства, откако го победија Оман, а Ирак изгубија од Кореја. Следни на листата кои имаат билет за Мундијалот се Австралија, кои ќе играат по шести пат.
Тука се и Бразилците, кои се единствената нација која никогаш не пропуштила настап на Мундијалите. На чело со новиот тренер Карло Анчелоти, тие го обезбедија своето учество после победата од 1:0 над Парагвај во јуни.
Еквадор го обезбедија своето учество, а друштво ќе му прават Уругвај, Парагвај и Колумбија.
Ние само се надеваме дека на едно од празните места ќе го видиме и знамето на Македонија за прв пат на Мундијалите…