Фудбал

Клубови во Премиер лигата со ист газда ќе може да си позајмуваа играчи

Клубови во Премиер лигата со ист газда ќе може да си позајмуваа играчи

Клубовите од Премиер лигата гласаа против воведување забрана за позајмување играчи меѓу клубови со исти сопственици.

Со недели се најавуваше состанок на премиерлигашките клубови на кој требаше да се одлучува за воведување на новото правило.

Тоа ново правило требаше да им оневозможи на клубовите да носат играчи на позајмица од клубови од други лиги кои имаат исти сопственици.

На гласањето, правилото не успеа да ги добие потребните 14 гласови, со што сега ширум му е отворена вратат на Њукасл да го ангажира Рубен Невес од Ал Хилал во зимскиот преоден рок, или некој друг фудбалер.

Според британските медиуми, 13 клуба гласале за воведување на новото правило, додека седум биле против.

Се разбира, Њукасл не е единствениот клуб кој сега останува отворен за различни опции и потенцијални размени на играчи со клубови кои ги делат истите сопственички групи.

Њукасл најчесто се поврзува со ова ново правило бидејќи газдите на Њукасл, се газди на шест клуба во Саудиска Арабија.

To top