Фудбал за синиот картон

Клоп: Тие луѓе никогаш не донеле паметна одлука за фудбалот

Клоп: Тие луѓе никогаш не донеле паметна одлука за фудбалот

Јирген Клоп јасно стави до знаење каков е неговиот став во врска со воведувањето на „син картон“ како нова „револуционерна одлука во фудбалот“.

Најавите дека ФИФА планира експресно да го воведе синиот картон и веќе од наредната сезона да почне со експерименти на новото правило беа жестоко критикувани од тренери, фудбалери и од фудбалските аналитичари, поради што светската куќа на фудбалот ретерираше и го врати предлогот на дополнително разгледување.

За Клоп, нема дилема дека едно вакво правило само уште повеќе би ја зголемило конфузијата кај судиите за време на натпреварите.

To top