Фудбал на гостински терен

Киву по поразот: Начинот на кој Интер се бореше беше правилен

– Штета е што се случи. Се потрудивме најдобро што можевме, се обидовме да се прилагодиме на условите најдобро што можевме. За жал, загубивме, но мислам дека начинот на кој се боревме и се обидовме беше правилен, изјави Киву.

Киву по поразот: Начинот на кој Интер се бореше беше правилен

 Тренерот на Интер, Кристијан Киву, го коментираше поразот од 3:1 од Бодо/Глимт синоќа на гостински терен во првиот натпревар од плејофот на Лигата на шампионите.

– Штета е што се случи. Се потрудивме најдобро што можевме, се обидовме да се прилагодиме на условите најдобро што можевме. За жал, загубивме, но мислам дека начинот на кој се боревме и се обидовме беше правилен, изјави Киву.

На другите три натпревари од ЛШ играни вчеравечер постигнати се следниве резултати:

Карабах – Њукасл 1:6

Клуб Бриж – Атлетико Мадрид 3:3

Олимпијакос – Баер Леверкузен 0:2.

Реваншите се закажани за 24 февруари. (МИА)

To top