Шпанскиот стратег Кике Санчес Флорес е назначен за нов тренер на Севиља на местото на Диего Алонсо, кој беше отпуштен од должноста по саботниот пораз (0-3) од Хетафе, оставајќи го клубот на 17. место на табелата во Ла Лига.
Минатата недела Севиља доживеа неуспех и на европската сцена и заврши последнопласирана во групната фаза во конкуренција на Арсенал, ПСВ и Ленс.
Санчез Флорес потпиша договор до лето 2025 година, а на клупата на Севиља ќе дебитира на утрешното гостување против Гранада.
Последен тренерски ангажман Санчес Флорес имаше на клупата на Хетафе од каде замина во април, а претходно во кариерата ги предводеше и Ватфорд, Шангај, Еспањол, Ал Аин, Ал Ахли, Атлетико Мадрид, Бенфика и Валенсија.