Португалија се пласираше во четвртфиналето на ЕП во Германија откако во осминафиналето во Франкфурт со подобро изведување пенали ја совлада Словенија со 3:0.
Немаше голови во основните 90 минути, како и во продолженијата. Јунак на натпреварот беше португалскиот голман Диого Коста, кој ги одбрани првите три словенечки пенали.
Словенечкиот селектор видно разочаран Матјаж Кек изјави по натпреварот:
“Кога ќе изгубите на пенали против тим како Португалија, постои одредено жалење. Поразите не се слават. Ова беше вистински натпревар со несреќен крај. Горд сум што водам момци со карактер.