Србија и Словенија ќе ги одмерат силите во четврток во Минхен во меч кој е од огромно значање за двете селекции кога е во прашање пласманот во наредната фаза на Европското првенство.
Србите останаа со празни раце во пресметката со фаворизираната Англија, додека Словенците останаа непоразени против Данска во првото коло.Токму поради ова се очекува да биде возбудливо, драматично на балканското дерби, пресметка пред која занимлива порака до нашите северни соседи испрати Сречко Катанец.
-Србија има добра репрезентација, исто како Словенија, но Срби чувајте се повеќе од Словенците отколку од Англичаните. Словенија нема големи индовидуалци, чест на исклучоците. Србија има повеќе во своите редови. Сепак, Србија го нема тој колективен дух што го има Словенија, а тоа е фудбалот денес. На теренот одлучува тимот, а само понекогаш поединец, -порача поранешниот македонски селектор за „Спортал“.