Фудбал

Карвахал: Сакав да го зачувам овој посебен дрес за мене

Карвахал: Сакав да го зачувам овој посебен дрес за мене

Фудбалерот на Реал Мадрид поради повреда ги пропушти собирите во 2016 и 2020, па сега прват заигра на вакво натпреварување.

Тој беше еден од тројцата стрелци во победата од 3-0 над Хрватска, за него тоа беше прв гол во националниот тим.

За него тоа беше специјален дрес кој сакал да си го сочува, но признава дека не можел да му каже не на Лука Модриќ.

„Сакав да го зачувам дресот бидејќи ова беше мојот прв гол во националниот тим, но Лука Модриќ ми побара да размени дресови, и кога тој ќе ви побара, мора да размените“, вели Карвахал за својот колега од Реал Мадрид.

To top