Карим Бензема (37) наскоро би можел да го облече дресот на Бенфика, објави „Гол Франс“.
Францускиот напаѓач е на радарот на познатиот португалски тренер Жозе Мурињо, кој го гледа како клучна фигура во неговиот нов проект во Лисабон.
Откако ја презеде Бенфика, Мурињо јасно ги дефинираше своите приоритети, му треба искуство, лидерска фигура и напаѓачка ефикасност.
Во овој контекст, Бензема совршено се вклопува. Тој веќе му сигнализираше на управата дека вреди да се вложат напори за да се доведе поранешниот капитен на Реал Мадрид.
Сепак, трансферот нема да биде лесен. Бенземи се ближи кон крајот на последната година од договорот со Ал-Итихад од Саудиска Арабија, каде што има договор вреден вистинско богатство.
Доколку сака да се врати во Европа и да настапува пред навивачите на стадионот Луз, ќе мора да прифати значително намалување на платата.
Саудискиот клуб исто така размислува за негова продажба, а бараната отштета е помеѓу пет и седум милиони евра, износ што Бенфика е подготвена да го плати, но само ако Бензема се согласи да дојде