Бурни реакции има во јавноста по пеналот кој го доби Англија на мечот со Холандија.
Контакт помеѓу Кејн и Дамфрис дефинитивно имаше, но дојде откако англискиот голгетер шутираше.
Судијата Феликс Цвајер по прегледувањето на снимката одлучи дека сепак има елементи за пенал.
Мислењата во јавноста се поделени, а поранешните англиски репрезентативци Џејми Карагер и Геро Невил беа јасни во својата анализа дека немало елементи за пенал.
„Ова никогаш не е пенал“, објави Џејми Карагер.
Со Карагер се согласува и Гери Невил:
„Апсолутна срамота, како дефанзивец морам да го кажам тоа“.