Селекцијата на Македонија до 21 години го имаше својот прв тренинг во рамки од подготовките за следните предизвици во квалификациите за ЕП.
На петти септември нè очекува натпревар на гостински терен против Холандија додека четири дена подоцна повторно на гостински терен играме против селекцијата на Гибралтар.
Селекторот на репрезентацијата, Драги Канатларовски изјави дека Холандија е голем фаворит, но потенцира дека неговите избраници нема да се предадат на ова гостување.
„Во следниот период нè очеуваат нови два натпревари против Холандија и Гибралтар. Првиот против фаворитот во групата на гостински терен е најтешкиот меч што нè очеува во овие квалификации. Нема предавање, подготвени сме да се бориме и да одиграме уште еден добар и квалитетен дуел како првиот меѓусебен во Скопје во рамките на втрото коло од квалификацискиот циклус. Што се однесува до Гибралтар, на тој меч ситуацијата е сосема различна. Фаворити сме и од нас се очекува победа.
Во наредните натпревари ќе им биде дадена можност и на нови млади фудбалери, кои ќе имаат можност да настапуваат за оваа селекцијата и во следниот квалификациски циклус што не очекува“, додаде селекторот.
По шест одиграни натпревари нашата селекција е на петтата позиција со шест бода, три повеќе од аутсајдерот Гибралтар.