Српскиот фудбалер Душан Влаховиќ е пред продолжување на договорот со Јувентус и после 2026 година. Како што пишува „Газета“, Јувентус е подготвен да го награди Србинот за одличните партии во тековната сезона, и затоа ќе му биде понудена нова соработка и поголема плата.
Според најавите Влаховиќ ќе го продолжи договорот до 2028 година, додека платата на српскиот голгетер ќе порасне и до 12 милиони евра по сезона.
Со тоа Јувентус ќе го заклучи неговото заминување од Торино, за кое се шпекулираше во изминатите години, откако за него беа заинтересирани неколку клубови, но јасно е дека Влаховиќ ќе остане дел од тимот од Торино и в оследните години.
„Црно-белите“ сезонава се далеку од титулата во Серија „А“, но се блиску до пласман во Лигата на шампионите следната сезона.