Фудбалерите од средниот ред на Јувентус Адриен Рабио и Винстон Мекени мораа да бидат заменети поради повреди.
Деталните прегледи покажаа дека Рабио се здобил со повреда на палецот на ногата, додека Мекени има изместување на рамото.
Двајцата се стандардни првотимци во составот на Алегри, а сега ќе мора да мируваат најмалку две недели. Тоа значи дека Алегри не ќе може да смета на нив во следното коло кога Јувентус има тешко гостување против Наполи.