Селекторот на романската репрезентација, Едвард Јорданеску, е полн со оптимизам пред осминафиналниот натпревар на Европското првенство, каде неговата селекција ќе се сретне со фаворизираната Холандија.
„Нема лесни натпревари, такво нешто не постои. Ова е елиминациска фаза на Европското првенство и сите доаѓаат да го прикажат најдоброто од себе. Истото сакаме да го сториме и ние, би било феноменално ако им приредиме голема возбуда на нашите фанови.
Не гледаме во историјата, ниту, пак, во иднината. Живееме за денешницата и одиме чекор по чекор. Холандија е неверојатен тим со одлични поединци, но ние покажавме во групната фаза дека немаме намера да се предадеме“, рече Јорданеску.