Фудбал

Јамал: Вакви моменти уште повеќе ме мотивираат

Јамал: Вакви моменти уште повеќе ме мотивираат

Шпанија го игра најатрактивниот и најубавиот фудбал на ЕП, а германскиот некогашен репрезентавиец Јенс Леман смета дека неискуството прави на моменти да изгледаат како младинска селекција, што според него ќе биде голема предност за тимот на Нагелсман.

Оваа изјава на Леман не ја одобрија ниту од таборот на германскиот тим, а Ламин Јамал ја доби честа да ја искоментира како најмлад играч од двата тима.

– Што може друго да каже? Тој е Германец и се обидува да направи притисок, се обидува да му помогне на својот тим. Вакви работи не прават само уште помотивирани. Ќе видиме на теренот дали е во право, ќе видиме дали сме млади и неискусни, – вели Јамал

To top