Фудбал

Јакин: Не гледам причина зошто да не ја победиме Англија

Јакин: Не гледам причина зошто да не ја победиме Англија

Селекторот на швајцарската репрезентација Мурат Јакин, изјави дека е презадоволен од настапот на својата селекција на Европското првенство и најави дека сите се фокусирани на победа над Англија во осминафиналето на шампионатот.

„Мислам дека сме доволно квалитетни за победа над Англија. Ако ја споредуваме вредноста на играчите, тие се далеку поскап тим од нас, но тоа не мора да значи апсолутно ништо. Не гледам причина зошто ние не би победиле, нашите навивачи ни даваат огромна поддршка и ние мораме да им возвратиме со пожртвувана игра.

Ги знаеме нивните предности, но и недостатоци. Мислам дека ќе биде отворен и интересен натпревар, во кој на крајот би сакал ние да излеземе како победници. Ако одиграме како против Италија, успехот може да е многу блиску за нас“, рече Јакин.

Четвртфиналниот натпревар помеѓу Швајцарија и Англија ќе се одигра на шести јули, со почеток во 18:00 часот.

To top