Фудбал

Јагелонија во последната секунда и украде победа на Шкендија

Јагелонија во последната секунда и украде победа на Шкендија

Шкендија може да жали затоа што имаше победа во џеб над Јагелонија, и беше блиску да дојде до вториот триумфи и до шест бодови во групната фаза во Лигата на Конференции.

Тетовскиот тим требаше да го издржи само последниот напад на гостите, и да слави победа.

Во продолжението, полската екипа успеа со погодок да дојде до бод. Двата тима одиграа тврд меч, без многу шанси, практично од двете најдобри реализираа и поделија по бод.

Крајно претпазлива игра во првиот дел и на двете екипи.

Како повеќе да внимаваа на својот, отколку што мислеа на противничкиот гол. Фабрис Тамба ја имаше најдобрата шанса за гол. Беше проигран од Зејнулаи, излезе во добра позиција од десно, ама неговиот шут оди само крај голот. На другата страна Јагелонија само со еден удар од прекин, Вдовик упати прецизен шут, право во рацете на Гаје.

To top