Македонскиот интернационалец, Иван Тричковски се раздели со АЕК Ларнака по девет години, клуб кој сакаше да го задржи со поинаква улога, но напаѓачот сака и понатаму да биде активен на теренот и веќе договори нов ангажман со тоа што останува во Кипар.
Нов клуб на поранешниот македонски репрезентативец е АЕЛ Лимасол со кого потпиша едногодишен договор.
Тричко многу добро го познава кипарскиот фудбал каде своевремено беше дел и од Енозис и АПОЕЛ, па неговото знаење, искуство дефинитивно ќе биде од помош за АЕЛ.
Во кариерата настапуваше и за екипи од Македонија, Србија, Полска, Белгија и Обединетите Арапски Емирати.