Репрезентативната пауза донесе големи проблеми за Симоне Инзаги. Одличниот Алесандро Бастони заработи незодна повреда на вчерашниот тренинг на италијанската репрезентација и нема да игра против Македонија, меѓутоа ќе го пропушти и натпреварот за Интер.
Бастони веднаш замина на детални прегледи кои донесоа лоши вести за Инзаги. Дефанзивецот се здобил со истегнување на мускул на ногата и во вакви ситуации препорачаната пауза изнесува најмалку три недели.
Ова значи дека Бастони ќе го пропушти дербито со Интер кое се игра веднаш по репрезентавицната пауза, а под знак прашалник ќе биде и за дуелот со Наполи на 3-ти декември.
Проблемот за Интер е поголем ако се знае и дека Павар е повреден, па опциите за Интер во последната линија се и тоа како намалени. Интер е лидер во Серија А со 31 бод, Јувентус е втор со 39, Милан има 23, Наполи 21.