Борусија Дортмунд веќе подолго време не е во добра форма и нема забележано победа на последните шест натпревари. Атмосферата во соблекувалната е на незавидно ниво, а германските медиуми објавија дека дел од играчите покренале бунт против тренерот Един Терзиќ.
Според германскиот „Билд“, највоинствен во бунтот е искусниот Марко Ројс, кој бил неверојатно лут поради одлуката на Розе да го остави на клупата на мечот со Мајнц, а нему му се придружиле уште неколку играчи кои не се согласуваат со некои потези на тренерот.
Се шпекулира дека управата деновиве ќе одржи состанок со играчите и стратегот и ќе се обиде да ја смири ситуацијата, со што Терзиќ би добил шанса непречено да работи барем до крајот на оваа сезона.