Фудбал

Иско најмалку три месеци надвор од терените

Иско најмалку три месеци надвор од терените

Фудбалерот на Бетис, искусниот шпански репрезентативец Иско ќе отсуствува од терените околу три месеци поради повреда.

Во саботата, Бетис загуби од Малага во тес меч со 1:3, а играчот од средниот ред претрпе силен удар во левата нога, по што го напушти стадионот на патерици и со нога во лонгета.

Во официјалниот медицински извештај на Бетис е наведено дека 34-годишниот играч имал „нова фрактура без поместување на средната третина од левата фибула“.

To top