Иранската фудбалска репрезентација тренираше во јужна Турција, подготвувајќи се за двата претстојни пријателски натпревари пред Светското првенство, иако сè уште не е јасно дали Иранците ќе настап на мундијалскиот турнир што ова лето ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Иранскиот тим одржа тренинг сесија во Белек, одморалиште во близина на Анталија, со строго ограничен пристап на медиумите, бидејќи официјалните лица изјавија оти сакаат да избегнат нарушување во ритамот пред натпреварите опишани како клучни за нивните подготовки за Светското првенство.
Ниту играчите, ниту тренерскиот персонал не беа достапни за медиумите во Белек, а портпаролот на иранскиот тим рече дека репрезентацијата е целосно фокусирана на натпреварувачката агенда.